Шкендија повторно убедлива, Најденов го спаси Работнички од пораз

 

Во рамките од воторот кфалификациско коло од Лигата на Европа денес нашите два тима ги одиграа совите натпревари, Шкендија убедливо го победи ХЈК со 3-1, додека пак Бојан Најденов го спаси Работнички од пораз.

Иако Динамо Минск важеше за благ фаворит, „романтичарите“ во првиот дел се бореа и речиси беа рамноправен противник на белорускиот тим, но во вториот дел гостите поведоа со 1-0 и го диктираа темпото на игра. За проблемите на нашиот тим да бидат уште поголеми, Сахити во 83 минута заработи црвен картон, момците на Виктор Треновски не се предадоа и во самиот финиш од натпреварот успеа да изедначат на 1-1 голот беше дело на најдобриот фудбалер на Работнички, Бојан Најденов, кој стрелаше прецизно од белата точка.

Возвратните дуели се играат следниот четврток, каде Шкендија гостува во Финска, а Работнички во Белорусија.