Шокантни најави од Шпанија: Барселона го продава тинејџерот за кого плати 100 милиони евра


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Шпанскиот медиум „РАЦ 1“ јавува дека од таборот на Барселона размислуваат да го продадат францускиот фудбалер, Осман Дембеле во јануарскиот преоден рок.

Тинејџерот за кого „Каталонците“ издвоија огромни пари пред една и пол година повторно не е во прв план за Валверде и покрај тоа што најдобриот играч на Барса, Лео Меси е повреден и ќе отсуствува одреден период.

Поранешниот  фудбалер на Борусија Дортмунд беше на клупата за резерви на последното „Ел Класико“,а шанса за настап доби само 16 минути во кои успеа да запише една асистенција.

Се верува дека тимот на Арсенал е еден од кандидатите за потписот на младиот фудбалер од Барселона.