Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонскиот клуб е спремен да ја искористи клаузулата во договорот.
Техничкиот секретар на Барселона, Роберт Фернандез соошти дека овој клуб би можел да го врати Жерар Делуфеу за 12 милиони евра ова лето.
Крилниот напаѓач моментално е на позајмица во Милан од Евертон, но каталонскиот гигант во договорот за продажбата на фудбалерот има клаузула по која може да го откупи во 2017-та година.
Добра форма на Делуфеу му овозможи да се врати во репрезентацијата на Шпанија, па во Барселона со причина размислуваат за неговото враќање.
„Имаме опција да го откупиме и тоа е добро. Многу сум среќен како ситуацијата се одвива. Делуфеу воопшто не играше во Евертон, замина на позајмица во Милан каде игра и каде беше забележан од селекторот Лопетеги. Тоа е добра вест бидејќи можеме да го вратиме во Барса за 12 милиони евра“, изјави Фернандез.
Втората опција е каталонците да заработат пари набрзина така што ќе го откупи и ќе го продаде.