Ѓоковиќ конечно најде замена за Бекер?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ брзо најде замена за Борис Бекер, тврдат медиумите.

Освојувачот на 12 Грен Слемови наводно се договорил со Дарен Кејхил.

Тој ја раскина соработката со Халеп, а низ кариерата ги тренираше Агаси, Хјуит, Мареј, Ивановиќ, Вердаско и многу други.

Кејхил не ги демантираше овие тврдења на медиумите.

„Мислам дека Новак и Борис имаа многу добра соработка. 6 Грен Слемови во тек на 3 години е голем успех. Бекер го направи Новак посилен психички и физички.“