Ѓоковиќ наскоро ќе замине во пензија? Се појавија шокантни зборови!

После раните елиминации на Синсинати и US Open, се почесто се зборува за иднината на Новак Ѓоковиќ и прашањето колку долго најдобриот тенисер на сите времиња ќе остане на теренот.

На таа тема се изјасни и славниот американски тенисер Џон Мекинро, кој смета дека се ближи крајот на една голема ера.

– Од една страна, разбирате дека годините очигледно го стигнуваат, исто како што во некој момент ги стигнуваат сите спортисти. Од друга страна, имаше неверојатен успех. Го победи Синер во Австралија, стигна до финалето, го освои првиот сет против Алкараз и играше одлично. Потоа стигна до полуфиналето на Вимблдон. Затоа она што го видовме во првото коло на US Open беше шокантно – рече Мекинро.

Американецот смета дека Ѓоковиќ сѐ уште има желба за големи резултати, но дека ни тој не може да избега од годините.

– Татко Време е непобедлив. Не знам што ќе се случи следно. Сум сигурен дека интензивно размислува за следните чекори, но не верувам дека би сакал да замине на ваков начин. Што и да го прави среќен – тоа и треба да го направи – порача Мекинро.