Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, го заврши својот настап на турнирот во Бостад, Шведска, откако загуби од втората носителка на турнирот, Американката Али Кик.
Американката многу подобро го почна дуелот, па направи два брејка на почетокот на првиот сет и стигна до водство од 0-4. Сепак, нашата тенисерка ја покажа својата најдобра игра и за момент се врати во натпреварот, откако намали на 4-5.
Сепак, Ѓорческа немаше доволно сила во завршницата, па Кик стигна до 6-4 во првиот сет.
Многу подобар почеток на вториот сет имаше Ѓорческа, која и покрај тоа што го загуби третиот гем (1-2), веднаш врати со брејк и израмни на 2-2. Но, како изминуваше времето Американката притисна, па во финишот направи брејк за 4-5, а потоа и сервираше за конечни 4-6.