"Јамајканската молња" го предаде тронот, Болт поразен во финалето на 100 метри

Усеин Болт беше поразен во финалето на 100 метри на Светскиот Шампионат кој се одржа на Олимискиот Стадион во Лондон.

Првото место го освои Џастин Гетлин, за кого ова е второ злато на 100 метри откако првото го освои пред 12 години. Гетлин ги истрча стоте метри за 9.92 секунди, втор веднаш зад него беше 21-годишниот американец Кристијан Колман со време од 9.94 секунди а трет пристигна Усеин Болт, кој патеката ја истрча за 9.95 секунди.

Усеин Болт најави дека ова му е последна трка на 100 метри и тој ќе се пензионира по настапот на Јамајка во штафетата 4×100 метри која ќе се одржи наредната недела.

 

Џастин Гетлин претходно двапати беше казнуван заради допинг и публиката го исвиркуваше по трката поради таа причина.