Јанг објасни како соиграчот му го „украде“ медалот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг, за англиските медиуми откри интересна приказна која се случила после финалето на ФА куп во минатата година.

Манчестер Јунајтед во минатата сезона успеа да ја заврши со освоена титула ФА Куп, а Јанг се одлучи да раскаже како eден  негов соиграч ненамерно го украде неговиот медал.

„Се сеќавам дека сите ги добивме медалите и дека својот го ставив одма покрај себе. Неколку секунди после тоа се свртев и сфатив дека нема медал. Помислив дека е тука некаде и дека ќе се појави.

Меѓутоа, кога влеговме во автобусот сфатив дека го загубив“, рече Јанг, и продолжи:

„Им реков на сите да проверат дали имаат два медали, но никој не успеа да пронајде. Се помирив со фактот дека останав без медел, а тогаш се огласи Маркос Рохо. Тој рече дека има две медели и дека не му е јасно како мојот заврши во неговите раце. Само знам дека бев пресреќен кога сфатив дека не сум идиот кој го загуби медалот“.

Јанг на крајот од разговорот додаде дека тој медал е сега во неговиот дом, и дека му е една од најдрагите награди што ја освои во својата досегашна кариера.