Јирген Клоп даде зелено светло: Уште еден фудбалер заминува на позајмица...

Екипата на Ливерпул одлучи повторно да го испрати Вудбурн на позајмица.

Овој напаѓач досега играше во Шефилд Јунајтед каде не помина добро, одигра седум натпревари, па е вратен во Мелвуд.

Сега го посакува Хал Сити, а Ливерпул нема да прави проблем.

На Вудбурн му е потребно да игра, Хал е одлична дестинација и има одлична соработка со Ливерпул, па многу е извесно дека овој напаѓач повторно ќе игра во Чемпионшип.

Има само 19 години, од него се очекуваат големи работи во иднина во Ливерпул и можеби е време да „ескплодира“ во нов клуб.