Јувентус се извини на Интер пред дербито


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Официјалниот ТВ канал на екипата од Торино упати извинување до Нероаѕурите.

Утре ќе се одигра „Дербито на Италија“, каде што актуелниот шампион во рамките на 16. коло го пречекува милански Интер.

Се започна откако на ТВ каналот на „Старата дама“, претседателот на комуникации на Јувентус, Сандро Пељо изјави дека би сакал да го „укине Интер од овој свет“.

„Сонувам за тоа да ги закопаме, да ги укинеме, да им ја збришеме и таа најмала надеж и желба за да станат нормален тим. Тие мораат да останат во канализацијата каде и што се во овие претходни години, сокривајќи се во темнината на самото дно“, изјави Пељо во текот на една емисија за „ЈТВ“.

Тој сфати дека неговата изјава е претерана и крена голема шрашина, па реши да се извини на Твитер.

„Многу навивачи на Интер се безни и увредени после она што го изјавив пред мечот во сабота. Дури и браќата Бјанконери ми замерија. Тоа беше само шала и беше само прозивка во моментот на еуфорија и забава, веројатно претерав. Реченицата за канализацијата не беше добра и не требаше да ја кажам. Доколку некој се почуствува навреден, јас се извинувам. Се гледаме на терен во сабота, едните ќе победат, другите ќе изгубат. Кој и да победи ќе му се потсмева на другиот“, напиша Пељо.