Јувентус – Се е исто како во 2001 година?


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Некои паралели се наметнуваат, потполно иста филозофија, овој пат со профит? Но, дали Андреа Ањели ќе успее да го надмине својот татко и 1957 година?

Јувентус преодниот рок го заврши со шест нови играчи, стигнаа Алвеш, Игуаин, Пјаниќ, Пјаца, Бенатија и Квадрадо (кој и во минатата година беше на позајмица), а потрошено е околу 160 милиони евра.

Јуве е клуб кој најмногу трошеше, но и најмногу продаде играчи, со Погба, клубот го напуштија Мората, Исла, Падоин, Переира, Заза, па клубот го заврши преодниот рок со профит.

Како и во 2001 година кога замина Зидан за 75 милиони, „Бјанконерите“ го срушија светскиот рекорд со продажбата на Пол Погба, но овој пат го срушија и италијанскиот кога е во прашање купување, дадоа 90 милиони евра за Гонзало Игуаин, најмногу во историјата на Серија А.

Погледнете го ова споредување, во 2001 година со Зидан замина и Инзаги за повеќе од 30 милиони во Милан, во оваа со Погба, го клубот го напушти истотака напаѓачот Мората, се врати во Реал за 30 милиони.

Од парите пред 15 години Јувентус ги доведе тогаш и сега најскапиот голман на сите времиња, Буфон за 45 милиони евра, потоа Турам и Павел Недвед за по 35 милиони, а стигна и Марсело Салах за дваесет, како замена за Инзаги. Потрошено е повеќе отколку што е добиено за Зидан, Инзаги, и Ван Дер Сар кој тоа лето го напушти Торино.

Тогаш не успееја со продажбата да ги покријат трошоците како сега, бидејќи едноставно клубот во ова лето продаде повеќе.

Но, дали е ова најдобар преоден рок на Јувентус во историјата?

Не е. Имено, Андреа Ањели веројатно не успеа да го надмине својот татко Умберто кој во 1957 година имаше само 23 години и беше претседател на Јувентус.

На него тогаш му се здосади просечноста на Старата дама после втората светска војна па го сруши светскиот рекорд со доведување на двајца легендарни играчи Велшаните Џон Чарлс и подоцна „Златната топка“ Омар Сивори.

Вчерашниот „Тутоспорт“ напрафви споредба, тоа е како во овој преоден рок да ги доведете Нејмар и Суарез во пакет. Тогаш со споменатите двајца суперстарови, клубот од Торино доведе и еден од најдобрите голмани во Европа во тоа време, Матрел како и играчот за врска Ферари од Триестана кој во тоа време бе ше во репрезентативец на Италија.
Јасно, во таа година Јуве стигна до својата 10та титула, ги раснесе сите ривали, а Чарлс, најдобар стрелец во шампионат и Сивори заедно постигнаа 50 од 78 голови на својата екипа.

Тоа е екипа која освои две титули и куп за три години и токму ги помести границите со едностаното купување на најдобрите играчи.

Овој сегашен тим продаваше за да купува, Игуан е споредуван со Чарлс, и веројатно исходот ќе биде ист, ќе бидат шампиони на Италија.

Но, за разлика од пред речиси 60 години, овпј Јуве мора повеќе, да се бори за европска титула.

Колку е тоа реално?