Јунакот на Чапекоенсе – Сакам да играм на параолимписките игри


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Фудбалот е дел од мене“, изјави голманот на несреќниот бразилски клуб, Џексон Фолман.

Цел свет знае за трагедијата која му се случи на бразилскиот Чапекоенсе кој во ноември минатата година остана без скоро цел тим после паѓањето на авионот. Тогаш загинаа 71 човек вклучувајќи 19 фудбалери и тренерот на клубот. Еден од оние кои преживеа е голманот Џексон Фолман.

На овој млад голман докторите му ја ампутираа левата нога, но не му ја згаснаа љубовта кон фудбалот.

„Секогаш ќе бидам голман на Чапекоенсе. Сега сакам да се вратам во нормалниот живот, наскоро се женам, а мојот сон е еден ден да заиграм на параолимписките игри“, изјави Фолман.