Јокиќ призна: Бев најлошиот играч на теренот!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Денвер Нагетс постигнаа златна победа против Оклахома по продолжение и сега водат со 2:1 во серијата во полуфиналето на Западната конференција.

Никола Јокиќ не беше свој, особено кога станува збор за шутот. Погоди само 8 од 25 обиди, а натпреварот го заврши со 20 поени, 16 скокови, шест асистенции, но и дури седум загубени топки. Шутот за три поени беше 0 од 10.

„Бев најлошиот играч на теренот, но ја добивме средбата. Тоа е најважно!“, рече Јокиќ за големата победа на својот тим.

Фото: Принтскрин