Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Челзи имаше амбиција да го доведе Јилдиз, но налета на ѕид во Торино. Лондонскиот клуб беше активен во преодниот рок, не жалеше пари, а во плановите на Сините беше и Кенан Јилдиз.
Еден од најдобрите играчи на Јувентус беше мета на Челзи, кој за неговата слобода понуди 70.000.000 евра, пишува Калтчомеркато.
Старата дама ги одби тие пари и покажа дека смета на турскиот ас на подолги патеки, а во прилог на тоа говори и планот да му се продолжи договорот до 2030 година, со зголемување на платата.
Откако беше промовиран во првиот тим на Јувентус, Јилдиз многу брзо се наметна и стана незаменлив член на тимот од Торино.