Ќе го запре ли некој? –Тричковски со хет-трик против Штурм (Видео)

Македонскиот репрезентативец од редовите на АЕК Ларнака, Иван Тричковски продолжува со одличните партии во дресот на кипарскиот тим.

Тричко на денешниот натпревар против Штурм Грац постигна три гола и беше најдобриот поединец во таборот на АЕК Ларнака во убедливата победа од 5:0.

Ова е вкупно шести гол за нашиот интернационалец ова лето во Лига Европа откако претходно два пати ја тресеше мрежата на Дандалк, а еднаш се запиша во листата на стрелците на гостувањето во Грац кај денешниот противник.