Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во овие денови, многу се зборува за тоа како две поранешни легенди на Милан повторно можат да се вратат на Сан Сиро.
Овој пат, во улога на некој од раководните функционери на црвено-црните од причина што се пензионирани.
Се работи за поранешниот магионичар на средниот ред на Милан Масимо Амброзини, и Паоло Малдини стоперот чиј дрес со број три е повлечен од употреба, бидејќи ќе остане запаметан како легенда на клубот.
Пред неколку дена, Малдини рече како стојат работите, бидејќи кај него не се добри прогнозите кога е во прашање враќањето во клубот, додека свое видување околу се кажа и Амброзини.
„Благодарам на Милан доколку ме повикаат. Чест ќе ми биде да бидам дел од овој клуб. Но, тоа е можно само ако Малдини дојде со мене. Подруго не“, рече во едно интервју, Масимо Амброзини.
Останува да видиме дали управата ќе успее да ги убеди овие два фудбалски аса, за повторно да се вратат “дома“.