Џејмс јасно порача: Или Ковач или јас…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Раководството на клубот и покрај не баш најдобрите резултати одлучи да му даде поддршка на Нико Ковач, кој медиумите го означија како главен кривец за лошата атмосфера во клубот.

Меѓутоа, се чини дека сепак незадоволство внатре во клубот има, а посебно тоа се однесува на Колумбиецот, Џејмс Родригес.

Тој вчера побарал итен состанок со раководството на Баерн. Родригез го изгубил трпението и јасно им порачал на клупските челници, или си одам јас или тренерот Ковач.

27-годишниот фудбалер е незадоволен од улогата која ја има на теренот. Смета дека Ковач не знае да го искористи неговиот потенцијал, а поради хрватскиот стручњак тој ги стопирал преговорите помеѓу Баерн и Реал за откуп на неговиот договор.

Џејмс е заинтересиран за останување во Баерн, но сака поголема улога во тимот и смета дека Ковач не е правиот човек кој може да го води Баерн во иднина.

Колумбиецот оваа сезона запиша 10 настапи, постигна три гола и запиша 2 асистенции, но на теренот помина вкупно 568 минути.