Абрамович нема избор: Челси ќе урне сопствен рекорд за напаѓач!?

Тренерот на Челси, Маурицио Сари призна дека клубот би можел да потроши повеќе од 50 милиони фунти за да ангажира нов напаѓач.

Англиските медиуми поврзуваат неколку фудбалери со Челси, а најверојатно изборот на управата паднал на Калум Вилсон од Борнмут, но постои еден проблем.

Неговата екипа бара неверојатни 75 милиони фунти за неговиот потпис, па се поставува прашањето колку е подготвен Челси да го купи, иако немаат голем избор на напаѓачката позиција.

Познато е дека Сари не е задоволен со Алваро Мората и Оливие Жиру, па останува да видиме дали ќе му биде ангажирано ново засилување во нападот.