Абрамович не може да го контролира своето трпение: Наскоро ќе стигне наследникот на Сари, ова се имињата…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Она што требаше да биде почеток на еден нов Челси, би можело да заврши неславно.

Роман Абрамович му врачи отказ на Антонио Конте за на негово место да го донесе Маурисио Сари кој ја започна сезоната на фантастичен начин.

Сепак, по неколку лоши резултати дојде до големи барања на „Стемфорд Бриџ“.

Сега, англиските медиуми тврдат дека во клубот веќе го подготвиле наследникот на Сари доколку не ги оствари минималните очекувања – пласман во Лигата на шампионите.

Првата желба на сопственикот Роман Абрамович е легендата на клубот, Френк Лампард и прославениот Французин, Зинедин Зидан, тврди експрес.

Лампард работи одлично во Дерби Каунти, кој се бори за влез во Премиер лигата, „Овните“ не би правеле проблеми доколку стигна повик кој не се одбива.

Од друга страна, Зидан е слободен агент, но нему повеќе му одговара со работа да започне следното лето. Тој би сакал да оди во тим кој ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, а ако местото во Лондон остане празно, тоа ќе значи дека Челси нема да настапува таму…