Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот сопственик на Челси Роман Абрамович одби да го продаде својот најдобар фудбалер во оваа сезона Диего Коста.
Англиските медиуми наведуваат дека Челси за Коста доби понуда од 80 милиони фунти од Кина, точно од Тијанџин Куанџин, но Абрамович истата се одлучи да ја одбие.
Сопственикот на Челси се заблагодари на понудата и порача дека клубот има сериозни намери со Коста и има намера наскоро да му понуди продолжување на договорот.
Да потсетиме дека неодамна во екипата на Тијанџин Куанџин стигна белгискиот играч за врска Аксел Витсел, но сепак Коста нема да се придружи.
Бразилецот со шпански пасош во оваа сезона одигра 18 мечеви и постигна 14 голови во Премиер лигата.