Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега веќе поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Даниел Аврамовски со гол дебитираше за екипата на Војводина.
Аврамовски го постигна единствениот погодок за клубот од Нови Сад во ремито на гостувањето кај Вождовац.
Брзоногиот фудбалер во 69. минута изедначи откако од седум метри со глава ја затресе мрежата на домашниот тим.
Во последната минута од натпреварот Аврамовски креираше одлична шанса, меѓутоа неговиот соиграч доцнеше и не ја зафати топката како што треба.