Автогол на Изо и минимална победа на Рома, четири парчиња за Киево од Аталанта, Имобиле во финишот јунак на Лацио (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од 19-то коло во Серија А се одиграа уште четири натпревари.

Рома славеше на гости против Џенова минимално, 0:1. Возбудливо уште на самиот старт на натпреварот. Лаксалт на едната и Џеко на другата страна не реализираа. Во 36-та минута го видовме првиот погодок на натпреварот кој беше и единствен, а автогол постигна Изо за водство на Рома. Во второто полувреме без посериозни шанси за погодок и Рома го однесе цел плен од Луиџи Ферара. Горан Пандев не настапи на овој натпревар.

Аталанта го декласира Киево на гости со 1:4. Водство на Аталанта му донесе Гомез во четвртата минута. Истиот фудбалер зголеми дваесет минути подоцна на 0:2. Пред крајот на првото полувреме Конти се запиша во листата на стрелци. Фудбалерите на Киево преку Пелисие го постигнаа единствениот погодок на натпреварот и намалија на 1:3. Фреулер ги постави конечните 1:4 во 69-та минута.

Лацио на Олимпико славеше минимално против Кротоне со 1:0. Во првото полувреме Биља од пенал не успеа да му донесе водство на својот тим. Имобиле во 90-та минута постигна погодок за победа на домашните, 1:0.

На натпреварот Сасуоло – Торино мируваа мрежите.