Агуеро играч, Гвардиола тренер на месецот во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер кој настапува за Манчестер Сити во февруари на четири натпревари постигна седум голови и сосем очекувано на крајот го освои признанието за играч на месецот.

Головите кои ги постигна против Арсенал и Челси исто така допринесоа Агуеро да избие на чело на листата на стрелци.

Моментално е на број 18, а следи Мохамед Салах со 17, па Хари Кејн и Абамејанг со по 16 погодоци.

На крајот го додаваме и признанието за најдобар менаџер во Премиер лигата за февруари, а тоа е Пеп Гвардиола.