Ѓорѓиевски пред Шкотска: Време е да излеземе од кризата

Македонска фудбалска репрезентација тренинг
Македонска фудбалска репрезентација тренинг

Напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски, кој се надева на деби во дресот на Македонија, верува дека репрезентацијата може да се врати на посакуваното ниво уште на претстојните натпревари во Лигата на нациите против Шкотска и Словенија.

„Се надевам дека доколку добијам шанса на натпреварите, ќе имам свој придонес и дека ќе почнеме да се движиме во нагорна линија, онака како што заслужува оваа репрезентација. Во секоја репрезентација и во секој клуб доаѓа до одреден период на криза, но мислам дека е време да излеземе од неа“, изјави Ѓорѓиевски за Фудбалската федерација на Македонија.

„Поискусните фудбалери во репрезентацијата веќе се во натпреварувачка форма и мислам дека тоа ќе се покаже на натпреварите против Шкотска и Словенија. Верувам дека селекторот ќе најде начин како да се поставиме, да одиграме одличен натпревар, да ѝ се спротивставиме на Шкотска и да оствариме позитивен резултат“, додаде тој.

Оптимизам покажа и Дарко Чурлинов, кој се врати во националниот тим. „Минутажата во клубот е многу битна и таа енергија се пренесува и овде. Шкотска ги има Мектоминеј, Гилмор и Робертсон, ние ги имаме Елиф Елмас, Барди и Столе Димитриевски. Денес нема репрезентација што не може да се победи и тоа треба да го покажеме на теренот“, порача крилниот фудбалер.

Натпреварот меѓу Шкотска и Македонија на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петок, со почеток во 20:45 часот. Деталите за натпреварот се достапни на страницата на УЕФА.

Три дена по гостувањето во Глазгов, Македонија на домашен терен ја пречекува Словенија во последниот натпревар од групната фаза.