Адвокатот на Марадона потврди: Операцијата е успешно изведена, следи опоравување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона вчера повторно завршил во операциона сала.

Да потсетиме, тој минатата недела исто така имаше операционен зафат поради крварење во желудникот, а вчера повторно морал да ги претрпи истите маки.

За среќа, операцијата повторно поминала без проблеми и тоа успешно, а тоа го потврди и адвокатот на Марадона

„Фала му на Господ, се помина добро. Сега следи период за опоравување после кој ќе може да се врати нормално на работа“, изјави адвокатот на Марадона.

Легендарниот фудбалер поради новите операции нема да биде во можност да ја води екипата на Дорадос де Синаола на полетокот од сезоната во мексиканската втора лига, но ќе се приклучи штом се опорави.