Адем Љајиќ од денес во нов дрес


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Љајиќ долго време се поврзува со заминување од Торино, а се чини дека ова лето конечно се случи и тоа.

Како што пренесуваат италијанските медиуми (а постојат и фотографии), тој ова утро е фотографиран на аеродромот во Милано каде што би требало да замине во Истанбул, па до крајот на денот да ја заврши работата околу преминување во Бешикташ.

Тој во редовите на турскиот тим ќе стигне на едногодишна позајмица со можност за откуп на договроот доколку двете страни се задоволни.

Инаку, Љајиќ во Торино стигна во летото 2016. година, а досега одигра 65 натпревари и постигна 18 голови и 24 асистенции.