Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Гезтепе на домашен терен ја победи минимално Манисаспор во натпревар од 22-ро коло во турската втора лига, 1:0.
Во првото полувреме од овој натпревар мируваа мрежите.
Дваесетина минути пред крајот на натпреварот Адис Јаховиќ погоди за водство и победа на Гезтепе, 1:0.
Македонскиот фудбалер го напушти теренот во 89-та минута, а на негово место влезе Сегфебиа.
Ова за Јаховиќ беше 14-ти погодок оваа сезона во турската втора лига и моментално е на лидерската позиција во листата на стрелци.