„Азар беше пијан по последниот натпревар“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Азар во 2012 година ја засили екипата на Челси.

Белгиецот стигна од француски Лил, а неговиот некогашен соиграч Рио Мавуба тврди дека последниот меч во овој клуб, Азар го одигра пијан.

„Ноќ пред натпреварот воглавно одморавме, но пред последниот меч на сезоната против Нанси, Азар подготви пијалок за сите нас. Утрото тренерот  Руди Гарсија го најде буден. Воопшто не спиеше тој ден“, рече Мавуба.

Тоа меѓутоа не му сметаше на Азар. На Нанси постигна хет-трик за полувреме и во голем стил замина за Лондон.