Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгискиот фудбалер Еден Азар сеуште не ги започнал преговорите со Челси околу новиот договор и многумина веруваат дека ова ќе биде последна сезона за Белгиецот на Стемфорд Бриџ.
Азар и Плавите имаат договор до летото 2020. година, но наголемо се шпекулира околу оа дека веќе на крајот од оваа сезона би можел да го напушти лондонскиот клуб. Тој најмногу се поврзуваше со Реал Мадрид и ПСЖ, но сега е јасно дека со ПСЖ нема да биде ништо.
Во изјава за англиските медиуми Азар потврди дека имал контакти со ПСЖ, но дека од тоа нема да биде ништо.
Белгиецот едноставно не сака да игра во дресот на ПСЖ и одлучи да објасне зошто никогаш нема да потпише за клубот од Париз.
„Вистина е дека имав контакт со ПСЖ, но тие едноставно не ме привлекуваат. Секогаш говорев, ако се вратам во Лига 1, тоа би било во Лил. Тоа е клуб кој ми даде се и не би можел да играм во Франција за некој друг тим“, порача Азар.
Азар во Лил помина пет сезони и го водеше овој тим во 2011. година до титула, а потоа одлучи кариерата да ја продолжи во Челси.