Ако Венгер остане, во Арсенал стигнува засилување од Франција?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот стратег во наредните денови ќе донесе одлука за својата судбина на клупата на Арсенал, доколку остане, познато е и кој потег ќе го повлече на трансфер пазарот.

Наскоро ќе дознаеме дали Венгер ќе ја прифати новата понуда на управата и на клупата на Топџиите ќе остане уште две сезони.

Јасно е дека еден од првите негови потези мора да биде и продолжување на договорите  со Санчез и Озил, а Венгер веќе на управата соопшти и кого сака да го види во редовите на својата екипа во наредната сезона.

Имено, Арсенал стави во контакт со претставниците на фудбалерот на Пари Сен Жермен Адријен Рабио, а ќе проба да го убедат да им се придружи во ова лето.

Рабио игра одлично, Венггер го сакаше и пред неговите блескави партии, бидејќи го следи неговиот развој веќе неколку сезони. Тој во оваа конечно експлодираше, одигра 30 натпревари за Парижаните и постигна три гола, и многу тешко е да се очекува дека управата на Парижаните ќе се откаже.

Се почесто и неговото име е на списокот на Дидие Дешам, и нема сомнеж дека управата на тимот од Емирати ќе мора понуди ектра понуда пред Ел Келаифи, доколку сака да го ангажира Рабио.