Ако Коста замине, Конте веќе знае каде ќе ги троши парите!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Диего Коста минува низ еден навистина тежок период во Челси, па можноста да замине до крајот на месецов не е невозможна.

Коста неодамна влезе во конфликт со лекарите на тимот и тренерот поради повреда, па затоа и не беше во ростерот против Лестер.

Медиумите на островот пишуваат дека Челси има понуда за Коста, од Кина, која наводно Диего сака да ја прифати и да замине, а Челси има бележено замена за него.

Замената се наоѓа во Минхен, а тоа е Томас Милер за кој Абрамович е спремен да плати 75 милиони фунти, бидејќи Милер е голема желба на Конте.

Милер оваа сезона и не игра баш добро во Минхен, во лигата на 13 натпревари постигна 1 погодок и 5 асистенции.