Ако не го доведат Паје, Марсеј има план Б


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Марсеј до крајот на јануарскиот преоден рок со сите сили пробува да го ангажира Димитри Паје од Вест Хем.

Доколку таа зделка пропадне, челниците на францускиот клуб имаат друг фудбалер кој е на радарот, а неговото име е Јусеф Мсакни. Овој фудбалер е малку познат на европската јавност, а се работи за репрезентативец на Тунис кој настапува за екипата на Леквија од Катар.

Има 26 години, игра на позиција лево крило и досега за својата репрезентација одигрра 46 натпревари со шест постигнати голови.

Мсакни во Катар стигна во 2013 година од Есперансе, а досега никогаш не се пробал во Европа па ова може да биде добра шанаса за тоа. Се шпекулира дека Марсеј за Тунижаните треба да платат околу пет милиони евра, а за него се интересира и Лил.