Ако останам без чиленаецот, доведете ми го германецот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсен Венгер се мачи околу продолжувањето на договорот со Санчез, а германецот е прва опција во случај на разделба.

Маки за Арсен. Венгер се мачи во преговорите со Алексис Санчез, а ако се случи чилеанецот да замине, топчиите со сите сили ќе го нападнат Марко Ројс.

Санчез во преговорите за новиот договор бара повеќе од 200.000 фунти неделно и засега е нејасно дали ќе остане во клубот.

Проблем прават и понудите од Кина по кои наводно на Санчез му е понудена заработка од 400.000 фунти неделно што се голема сума на пари и недостижни за Арсенал.

Од друга страна Ројс би можел да добие поголема плата во Арсенал отколку во Дортмунд.