Ако се прашува Мбапе, решено е, ова е неговиот нов клуб!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


После ова повеќе нема дилема, но какви се опциите на Монако?

Детето ја запали Европа, го растури Сити, има 18 години и се претпоставува дека Кнежевците нема да пропуштат шанса да ја наполнат касата, како што тоа го направија со Марсијал пред две лета.

Имено, Килијан Мбапе веќе пред пет години на инсистирање на Зидан беше во Реал Мадрид, но не сакаше да ја напушти куќата, како 13-годишен.

Сега е Зидан прв тренер, и тој го гледа сонародникот како идеален наследник на Роналдо.

Се појави и слика на Мбапе на кого идол му е Роналдо, има соба излепена со слики од Кристијано, кого го запозна пред пет години кога беше гостин Реал во Валдебебес.

Останува прашањето колку пари ќе бара Монако? Сумите кои се појавија варираат од 60 до 80 милиони евра, се очекува Жорже Мендеш кој има големо влијание меѓу Кнежевците да биде посредник, а една од варијантите е Реал да го капира Мбапе и во наредната сезона да го остави во Франција.

Него ќе го сакаат и англиските клубови, но се чиник, дека зборот на момчето може да биде последен и дека влијанието на Зидан треба да биде пресуден!