Алардајс конечно решение за клупата на Евертон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Евертон ќе го назначи Сем Алардајс за нивен нов предводник откако разговорите добиле голем напредок вчера вечерта.

„Скај Спортс“ во понеделникот пренесе дека Евертон повторно ги отворил преговорите со 63 годишниот стратег откако првичните преговори пропаднаа пред две недели.

Тогаш договор не беше постигнат, но откако Евертон не успеа да го договори Марко Силва од Вотфорд ќе ги прифати условите на Алардајс и конечно ќе го реши проблемот со тренерската позиција.

Интересно е што на Алардајс во Евертон ќе му помага поранешниот тренер на Лестер, Крег Шекспир.