Алегри: Наполи повторно ќе ни биде најголем ривал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Масимилијано Алегри за италијанските медиуми даваше изјава околу конкурентите за освојување на титула во Серија А.

Иако Рома и Интер новата сезона ја започнаа со цел да ги подмират сметките со Јувентус, судејќи според досегашните натпревари во Серија А, повторно главен ривал на бјианконерите ќе им биде Наполи.

Овој викенд Јувентус и Наполи се среќаваат, а исходот од средбата според Алегри, нема многу да влијае на борбата за Скудето.

,,Нашите натпревари секогаш се многу комплицирани. Што и да се случи во сабота, уште многу натпревари ќе се играат после тоа. Наполи е прерасен тим, а Анџелоти внесе неопходен мир во играта. Тие се дефинитивно наш најголем ривал за титулата”- кажа Алегри, а со тоа практично ги отпиша другите ривали.
Натпреварот измеѓу Јувентус и Наполи се игра во сабота со почеток од 18 часот.