Алегри после мечот изненади со изјава: Ова не беше перфектно, Роналдо беше добар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со овој триумф над Атлетико, Бјанконерите го надокнадија минусот од двата гола од пвиот меч и влегоа во 1/4 финалето од ЛШ.

Иако многумина тврдат дека Јуве одигра одличен меч, Алегри тврди дека не било се перфектно, а играта на јунакот Роналдо ја опиша како добра.

„Не одигравме перфектен меч, но останавме фокусирани до самиот крај“, го започна своето излагање Алегри, па продолжи:

„Атлетико исто така беше добар, но ќе беше чудно Роналдо да го заврши учеството во ЛШ со само еден гол. Одигра добар меч, остатокот од тимот исто така. Ова беше одличен натпревар и мислам дека на навивачите им подаривме одлична вечер“, истакна Алегри.

Тренерот на Старата дама не смета дека неговиот тим е фаворит за освојување на титулата.

„Не, не сме фаворити, Можеби едни од фаворитите, но тоа е се“, додаде тој.

Јувентус сега со нетрпение го очекува ждребот од 1/4 финалето, но и за полуфиналето, кој е на распоред во петок.