Алегри по четврти пат најдобар тренер во Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалски сојуз уште еднаш го избра Алегри за најдобар, а тренерот на Јувентус овој пат славеше пред Маурицио Сари и Симоне Инзаги.

Секако, Алегри сосем заслужено го доби ова признание со обзир на тоа дека неговиот тим ја освои Серија А, како и Купот на Италија, па на крајот освои 17 гласови, додека неговите конкуренти добија по осум.

Јувентус и оваа сезона покажува неверојатно добар фудбал во Серија А, па многу лесно може да се случи Алегри следната година во ова време да го освои и петтото признание.