Алегри: Само под страв играме подобро


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус во натпреварот во 4. коло од групната фаза на Лигата на Шампионите освои само бод на гостувањето во Лисабон, против Спортинг.

Италијанците не беа на ниво и се до 79. минута го губеа резултатот со 1:0, а потоа Игуаин успеа да изедначи.

После натпреварот тренерот на Јувентус, Алегри беше разочаран поради играта на неговиот тим.

„Разочаран сум. Имавме добра прилика да го осигураме поминувањето понатаму, но не ја искористивме. Во првото полувреме играта беше многу лоша. Во второто беше малку подобра, но севкупно беше хаотично. Моравме да бидеме поорганизирани. Резултатот е единствена добра работа во овој натпревар. Очигледно мораме да играме под страв за да одиграме поквалитетно. Во Атина не чека вистински пекол“, истакна Алегри.

Од друга стана, ова беше прв бод за екипата на Спортинг.