Алжир се спаси од пораз – Два погодоци на Марез доволни за бод против Зимбабве (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентациите на Алжир и Зимбабве ремизираа во првото коло од групната фаза од АКН, 2:2.

Зимбабве можеше да стигне до водство во 10-та минута, но Билиат ја погоди стативата. Две минути подоцна Ријад Марез погоди за водство на Алжир.

Долго не траеше радоста на алжирците бидејќи Махачи го израмни резултатот. Во 28-ма минута беше досуден пенал за Зимбабве. Мушекви постигна погодок и ги израдува гостинските навивачи, 1:2 со кои и се замина на полувреме.

Бенсебаини со глава во 60-та минута ја погоди пречката. Ријад Марез осум минути пред крајот на натпреварот го постигна вториот погодок на натпреварот и ги постави конечните 2:2.