Алиоски нова десетка во Лидс Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и член на Лидс Јунајтед оваа сезона во Чемпионшип лигата ќе го носи дресот со број 10.

Бројот 10 во славниот англиски клуб го имаат носено неколку познати имиња меѓу кои Гери Мекалистер и Хари Кјуел.

Новата сезона во Чемпионшип започнува овој викенд, а Лидс Јунајтед во првото коло ќе гостува на Болтон во недела. Се очекува Езгјан Алиоски да биде во првиот тим на овој натпревар.