Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најскапиот голман во историјата на фудбалот, Алисон Бекер откри дека неговиот сонародник Фелипе Кутињо го убедил да се пресели на „Енфилд Роуд“.
Кутињо неколку години беше ударна алка во тимот на Ливерпул пред да направи трансфер во редовите на Барселона. Сепак, и како играч на Каталонците офанзивецот го убедил неговиот репрезентативен колега да се пресели во таборот на Ливерпул.
„Кутињо ми зборуваше многу за Јирген Клоп и за играчите на Ливерпул. Тој рече дека нема суети во тимот и дека тоа е амбициозен состав со силна желба за победа. Исто така ми кажа дека се чувствувал многу среќен тука заедно со неговото семејство. Нашите сопруги исто така разговараат секојдневно“- коментираше Алисон.