Алонсо откри кој клуб се издвојува во неговата кариера!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Баерн од Минхен Чаби Алонсо изјави дека времето кое го помина во Англија за него беше спектакуларно, а Ливерпул го нарече посебен клуб.

Алонсо вчера најави дека на крајот на сезоната ќе ја заврши играчката кариера. После таа објава Ливерпул оддаде признание на Шпанецот за се што направи во кариерата, а тој денеска во разговор со новинарите се присети на времето што од 2004 до 2009 година го помина на Енфилд.

„Времето кое го поминав во Англија за мене беше спектакуларно. Имав 22 години и прв пат живеев сам, во град  кој не е мој, кој не го познава,. До тој момент живеев со родителите и сите во комшилукот ги познавав“, рече Алонсо.

„Во првата година сфатив дека Ливерпул е посебен клуб, со голема историја и традиција“, додаде Алонсо.

Алонсо со Ливерпул освои титула во ЛШ во 2005 година кога Црвените во спектакуларно финале каде што во првото полувреме губеа со 3:0 го победија Милан.

„Имав среќа да играм фудбал во фантастично финале за Ливерпул и да освојам ЛШ…Се надевам дека ќе имам шанса да го освојам тој трофеј и во оваа година“, рече Алонсо.