Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот бек на Лос Анџелес Клиперс, Крофорд најави дека во НБА лигата ќе помине уште 5 сезони.
36-годишниот ветеран на Твитер потврди дека не планира пензија.
Крофорд минатата сезона имаше најслабо достигнување во изминатите 4 години, но со 14.2 поени во просек по натпревар заслужи признание за најдобар „6-ти“ играч во НБА лигата. Тоа беше негова 3-та награда за најдобар резервист, по 2010 и 2014-та година.
Ветеранот по завршување на сезоната потпиша нов 3-годишен договор со Клиперс, кој ќе му донесе заработка од 42 милиони долари. Крофорд во НБА стигна во 2000-та година кога стана член на Чикаго Булс, а потоа играше и за Њујорк, Голден Стејт, Атланта и Портланд.