Англиската легенда ја заврши кариерата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот репрезенатативец на Англија и човек кој беше кошмар за Фабио Канаваро, ја заврши кариерата.

Боби Замора кој почна да игра фудбал во познатата академија на Вест Хем од денес не е повеќе активен фудбалер.

Тој потврди дека ја завршил својата кариера, причина се големиот број на повреди кои ги имаше по 30-та година.

Наскоро полни 36, па изјави дека најдобро е да се пензионира.

„Да, мислам дека ја завршив кариерата. Минатата сезона за мене беше фрустрирачка. Колкот ме изневери, морав пред крајот на сезоната да одам на операција.“

Последниот натпревар го одигра за Брајтон против Шефилд Венздеј во март.

Од почетокот на оваа сезона нема клуб, па одлучи дека најдобро е да не бара нов, бидејќи повеќе не е во состојба да игра на врвно ниво.

Најголем трага Замора остави во Брајтон, каде што постигна 70 голови за 3 сезони, а во Вест Хем го докажа својот квалитет подоцна.

Сепак, најголемиот успех го постигна со Фулам со кој стигна до финалето во ЛЕ во 2010 година во кој нивниот тим беше поразен од Атлетико Мадрид. Многумина во Фулам го паметат натпреварот против Јувентус кој Фулам го доби со 4:1.

Таа година доби повик од репрезентацијата на Англија за која одигра 2 натпревари. Сепак, во септември по скршеница на ногата, неговата кариера тргна по надолна линија.