Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ливерпул успеа синоќа да слави со 3-1 во Минхен против Баерн и така обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).
Интересно е тоа што Англичаните имаат дури четири клуба меѓу најдобрите осум тимови во елитното натпреварување. Место во четвртфиналето, освен Ливерпул, обезбедија уште и Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Тотенхем.
Вакво нешто последен пат се случило пред десет години, односно во сезоната 2008/09, но ниту еден англиски тим тогаш не успеа да го освои трофејот во ЛШ.
Во финалето тогаш славеше Барселона со 2-0 против Манчестер јунајтед и ја освои титулата во европското натпреварување.
Четвртфиналните парови ќе ги дознаеме во петок од 12 часот, а таму освен англиските екипи пласман обезбедија и Ајакс, Порто, Барселона и Јувентус.