Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хари Мегвајер играше одлично минатата сезона во Лестер сити, а одличните игри му овозможија настап во дресот на репрезентацијата на Англија, каде што кај селекторот Герет Саутгејт е стандарден член на првиот состав.
Лестер би можел да заработи големо богатство на него. Иако минатото лето стигна од Хал сити за 15 милиони евра, неговата цена во моментов е многу повисока.
Наводно, одличниот стопер го привлекол вниманието на Ливерпул. Јирген Клоп сака да го засили својот тим со дефанзивец, па токму поради тоа би можел да понуди 50 милиони фунти за него.
Сепак, таа сума ќе мора да биде многу поголема бидејќи Лестер нема намера да се откаже од 25-годишниот дефанзивецот.
Преговорите ќе се одржат по Мундијалот во Русија, а Ливерпул ќе се потруди за да го ангажира играчот, кој во минатото има играно и за Виган и Шефилд јунајтед.