Англичаните немаат повеќе нерви: Челси ќе го пријави Баерн во ФИФА!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси не може повеќе да се помири со обидите на Баерн Минхен да го ангажираат Калум Хадсон-Одои, па планираат да поднесат пријава до ФИФА.

Тие бараат докази дали германскиот клуб имал контакт со фудбалерот, неговото семејство или неговите агенти.

Баварците испратија и четврта понуда за 18-годишниот фудбалер вредна 35 милиони фунти. А, „Дејли Мејл“ пишува дека сите процедури се почнати, па наскоро ќе биде испратена пријавата.