„Англија нема да освои трофеј во наредните 25 години!“

Вацке, извршниот директор на Дортмунд, изјави дека Англија во наредните 25 години нема да освои ниту еден трофеј во меѓународните натпреварувања.

„Веќе 50 години Англија нема освоено ниту една титула и сигурен сум дека ќе прослави 75-годишнина. Сите нивни пари се на сметка на креативноста.“

Оваа сезона единствен англиски клуб во ¼-финале на ЛШ е Лестер.

Лестер во последно време заигра подобро, но не е на нивото од минатата сезона, а во ¼-финале ќе игра против Атлетико Мадрид.

„Англичаните имаат еден клуб во ¼-финале на ЛШ, а тоа е Лестер. Тоа не е тим за кој верувате дека може да ја освои титулата.“