Англија со одлични дресови за Мундијалот (ФОТО)

Американската компанија „Најк“ во јавноста го презентираше дресот на репрезентацијата на Англија кој „Гордиот Албион“ ќе го носи на претстојното Светско првенство во Русија.

Англија на Мундијалот е во група со Белгија, Панама и Тунис и е голем фаворит за пласман во следната фаза.

Домашната гарнитура на дресови е традиционално бела со сини шорцеви, додека гостинските дресови ќе бидат црвени. Дресовите кои се во ретро стил наидоа на позитивни критики кај фудбалската јавност.